Press "Enter" to skip to content

Советниците во Советот на Општина Битола ја изгласаа декларацијата за фер избори и се распуштија, им заврши мандатот

Со одржување на 82. седница по ред, во овој советнички состав, Советот на Општината Битола се распушти, а денес на последната седница, која ја закажа и водеше претседателот на Советот, Валентин Груевски, работеше по една точка на дневниот ред.

На седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, со физичко присуство на советниците ја донесе  Декларација за одржување на чесни, слободни и демократски локални избори.

Декларацијата е составена од 4 члена: 

Член 1

Советот на Општината Битола ги поздравува и потикнува напорите на домашните и меѓународните институции како и политичките партии во Република Северна Македонија, за одржување на чесни, слободни и демократски локални избори во Република Северна Македонија.

Член 2

Претставниците на Единицата на локалната самоуправа Општина Битола, односно Градоначалникот, членовите на Советот, општинската aдминистрација и локалните jавни претпријатија, ќе креираат позитивен амбиент во пресрет на парламентарните избори и нема да ги злоупотребуваат, средствата и имотот на Општина Битола за сметка на партиски активности и цели. Носителите на функции кои ги избира или именува Советот на Општина Битола  да создаваат позитивен амбиент во пресрет на локалните избори и  да не ги злоупотребуваат, средствата и имотот на Општина Битола за сметка на партиските активности и цели на подрачјето на Општината.

Член 3

Советот на Општина Битола ќе ги поттикне ангажманите на здруженијата на граѓани и поединци, со својот авторитет да влијаат врз амбиентот за спроведување избори според меѓународно пропишани стандарди.

Член 4

Декларацијата влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен гласник на Општината Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »