Press "Enter" to skip to content

Во Битола 21 оздравени, 13 нови позитивни на ковид-19, хоспитализирани 16, починато 1 лице

Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на ковид-19, од нив од Битола се 13.

Регистрирани сe 1.010 оздравени пациенти од се Битола 21.

На инфективното одделение во Битола утрово бројот на хоспитализирани е 16 пациенти, 56 лица биле прегледани во амбулантата на инфективното одделение.

До сега во Битола има 6.842 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни 266 случаи.

Пријавени се 30 починати лица, едно починато лице од Битола  на возраст 80 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола – 95, а преку “Плодност“ – 59 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.

More from ВестиMore posts in Вести »