Press "Enter" to skip to content

Меѓународен волонтерски камп “Битола отворен град“ во организација на МКЦ “Битола“

Волонтерството е глобален феномен, тоа е паметно вложување на време и капацитети во заедницата.

Деновиве во Битола се организира Мегународен волонтерски камп “Битола отворен град“, на кој домаќин на 15 волонтери од 5 земји од Западен Балкан е МКЦ “Битола“.

-Интеркултурното учење, растот и развојот на младите во креативна и ангажирана средина се основни карактеристики на кампот. Самиот камп промовира соработка, помирување и надминување на етничката дистанца помеѓу младите од Балканот. Волонтерите ќе бидат вклучени во логистичка и техничка поддршка на настаните на фестивалот, во промотивни активности на терен, како и во поддршка на уметниците кои ќе бидат присутни на фестивалот, велат од МКЦ “Битола“.

15 млади лица со различна образовна, економска, социјална и културна позадина истражуваа значајни културни споменици и нивните приказни во Битола. Кампот е со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО во рамките на регионалната програма за размена на волонтери ПАТ Западен Балкан 6 (ROUTE WB6) финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

More from ВестиMore posts in Вести »