Наместо каллива долга улица, на која со децении чекореа жителите на ул. “Љубојно“ и стравуваа за сигурноста на своите куќи, сосем нова слика доби овој дел од населбата Баир. Градоначалничката на Општина Битола, заедно со тимот задолжен за реализација на проектот, изврши увид во завршните активности на реконструкцијата на ул. „Љубојно“.На овој потег беа поставени потпорни ѕидови за заштита од лизгање на земјиштето на објектите и минувачите, по што улицата е поплочена. За реализација на овој инфраструктурен проект се издвоени 3.206.030 денари.
Потпорен ѕид и бекатон плочки на улица “Љубојно“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)