Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: закани, физички напад и сообраќајни контроли

На 09.09.2021, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.А. (32) од Битола затоа што во клуб  на ул. „Караорман“ во Битола му се заканувал на А.Е. (38) од Битола, по што излегол надвор и го оштетил неговото возило. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.09.2021 во СВР Битола, В.Д. (23) од с.Раштани, битолско, пријавил дека на патот за с.Кравари, битолско, бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 09.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 126 мерки, од кои 77 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 49 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »