Press "Enter" to skip to content

УКЛО – Битола објави конкурс за доделување стипендија “Тома Фила“

Универзитетот “Св. Климент Охридки“ од Битола врз основа на одлуката на Фондацијата “Тома Фила“ објави јавен конкурс за доделување стипендија “Тома Фила“ за стипендирање и поддржување талентиран студент од Правен факултет во Кичево, дисперзирани студии во Битола.

Стипендијата во бруто износ од 10.000 денари ќе биде доделена на студент од втор циклус студии со просек најмалку 8, на прв и втор циклус студии.

Стипендијата се доделува на студент од Битола за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола.

Конкурсот е објавен на веб страницата на Правниот факултет, а апликантите своите документи може да ги доставуваат до Фондацијата “Тома Фила“ или во Ректоратот во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »