Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски кандидат за градоначалник од ЛДП и ДОМ, Валентин Груевски носител на листата

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, соопшти дека синоќа ја доставил  кандидатура за градоначалник на Битола, во централата на партијата, а ќе го претставувата неговата матична партија ЛДП и коалиционата ДОМ.

-Денес, на овој голем празник, овластениот претставник на “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола. Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Неможев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник. Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства, вели Милевски.

Носител на листата за советници ќе биде Валентин Груевски, сегашен претседател на Советот на Опптина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »