Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 2, активни случаи 281

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 17.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од кои од  Битола се 2.

До сега во Битола има 6.859 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 281 случаи.

Пријавени се 22 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола – 78 и преку “Плодност“ –102 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.

More from ВестиMore posts in Вести »