Press "Enter" to skip to content

Никола Димитровски  за “Трчај бе“ која се одржува по трет пат во Битола, со мото “И ти си победник“

Жанета Ристевска

Победници се сите оние кои ќе застанат на стартот на трката, а не само оние кои ќе се искачат на пиедесталот. “И ти си победник“ мото на третиот по ред “Трчај бе“ атлетска трка полумаратон   спортски настан  гордост за Битола.

-Ова ќе биде најголемиот атлестски настан во нашата држава годинава, пријавени се четириесеттина натпреварувачи од 14 земји, меѓу кои од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Албанија, Косово, Црна Гора и ако се придодадат и професионалните атлетичари  и рекреативците, кои ќе трчаат на 5 и 10 километри, се гордееме што не очекува вистински празник на градот,  изјави Никола Димитровски еден од организаторите, дел од  тимот кој го осмисли  настанот со слоганот “Трчај Бе“.

Подготовките  се при крај Никола задоволен од овогодинешната организација ја започна приказната за „Трчај Бе“ искрено спонтано, интересно…

-Ајде да звучам малку бајковито. Си беше еден човек, кој без никаква посебна причина, реши да трча. Кога виде каков благодет и уживање може да донесе толку едноставна спортска  дисциплина, започна да трча низ градови во државата, каде се организираа трки. Бидејќи по природа е „сонувач“,  дојде до идеја, една таква трка да направи и во својот град. Идејата ја прифатија неколкумина други луѓе, сите посебни на свој начин. Се создаде тим, кој веруваше дека Битола може да стане град на трчањето.

Дали беа свесни што ги очекува? Не. Дали веруваа дека ќе направат настан со кој ќе се гордее цел град? Нормално. И, така настана „Трчај Бе“.

Со поттикнувачки слоган „Трчај Бе“ оваа атлетско спортска  стана популарна меѓу битолчани кои сакаат да се натпреваруваат, трчаат, учествуваат….

-Почуствувавме дека на Битола и фали трка. Да, на Битола и фалат уште милион други работи, но и фалеше и трка.  Некако не поведе мотото на ликот, Форест Гамп, од истоимениот филм оскаровец, кој почуствува дека сака да трча, односно да покрене нешто во својот живот,што е наједноставно објаснување како и ние дојдовме до идејата. Едноставно, понекогаш треба само да почуствувате  дека сакате да направите нешто, да покренете нешто, направете нешто ново. Доволно е за старт. Со многу труд потоа, резултатот е веќе очигледен.

Трет по ред „Трчај бе“,  оваа година балкански полумартонсо  инспиративно мото „И ти си победник“. Кажете повеќе за новините кои ги донесе „Трчај Бе“ оваа година?

-Сите ние во тимот, секогаш се стремиме кон повисоки дострели. Не сакаме монотонија и да „поминеме полесно“. Сакаме предизвик. А колку поголем предизвик, од тоа, после само две години, да организираме нова трка – полумаратон, и тоа не било каква, туку официјално Балканско првенство. Атлетската федерација на Македонија ја доби организацијата на годинашното првенство во полумаратон, па заедно со нас, одлучивме да го направиме во Битола. Овогодинешното мото на трката е „И ти си победник“. Победници се сите оние кои ќе се осмелат да ги истрчаат своите први пет километри во животот, а мислеле дека е тешко дури и да ги изодат, сите оние за кои годините се само бројка или оние кои ќе ги поместат личните граници, за кои и самите не биле свесни. Победници се сите оние кои ќе застанат на стартот на трката, а не само оние кои ќе се искачат на пиедесталот.

Колку натпреварувачи ќе се натпреваруваат (трчаат)  од другите соседни земји Балканот?

-Пријавени се четириесеттина натпреварувачи од 14 земји, меѓу кои од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Албанија, Косово, Црна Гора. Ова ќе биде најголемиот атлестски настан во нашата држава годинава, па ако се придодадат и професионалните атлетичари  и рекреативците, кои ќе трчаат на 5 и 10 километри, се гордееме што не’ очекува вистински празник на градот.

-Минатата година на Трчај бе  имаше натпревачувачи кои настапуваа како тимови  Кажете повеќе околу ова ?

-Секоја година на трката се пријавуваат тимови. Дел од нив се спортски клубови и друштва, но исто така има голем број на фирми, кои со своите вработени прават тим билдинг, преку овој настан што е одлична идеја за поттикнување на своите вработени да спортуваат. За да не биде сосема ревијален овој тимски натпревар, доделуваме награди на првите три пласирани тимови во секоја категорија. Рангирањето се врши, со тоа што се издвојуваат четирите најдобри резултати од секој тим во машка и женска категорија.

На што се должи големата популарност на овој атлетски  настан полумаратон /и?

-Веројатно склоп на повеќе работи. Секоја година се трудиме да водиме позитивна и креативна кампања. Нормално дека ја користиме моќта на социјалните медиуми, но доколку не пронајдеш начин како да се издовиш, тогаш ќе западнеш во медиокритетсво. Се трудиме да бидеме поразлични, да ги рушиме стереотипите во начинот на промовирање и навистина сме задоволни од резултатите. Сепак, главно е да имате професионално изведен настан. Да дојдат учесници кои трчале маратони низ цел свет, и нема да забележат разлика во начинот на кој се организира трката кај нас, од тоа што го виделе надвор. Доколку промоцијата е амбалажата на продуктот, тогаш реализацијата е самата содржина. Битно е и двете да се добри.Што ќе се случува на денот на трката 12 септември во  недела опишете ја патеката,  што ќе се случува наоколу ?

-Патеката започнува од кај Саат Кулата, однсосно тука ќе биде стартот на трката. Објавени е видео за цела маршрута  која  зафаќа Булевар 1 – ви Мај, Булевар „Васко Карангелевски“, „Довлеџик“, „4 – ти Ноември“, „Прилепска“. Вистинско изненадување за учесниците ќе бидат бројните музичари со свои настапи  и музичк точки. Ќе има интрересни активнсоти  скоро низ целата  патека. 

Кажете ни повеќе за тоа што добиваат  натпреварувачите,  победниците…

-Сите учесници на трката добиваат стартен пакет со маица од трката и продукти од нашите спонзори. Нормално, секој ооној кој ќе ја заврши трката, добива медал, затоа што како што претходно споменав „секој е победник“. Победниците добиваат парични и стокови награди од спонзорите, што ја прави трката посебно привлечна за професионалните атлетичари.

-Поддржувачи на манифестација „Трчај бе“.

-Со оваа манифестација  „Трчај Бе“  всушност и Битола доби производ прифатен буквално од сите. Радува фактот, што бројни фирми уште од самиот почеток ја препознаа оваа успешна приказна. Ние од една страна добиваме финансиска поддршка која многу ни значи во реализацијата на настанот, додека фирмите добиваат одличен погон за промоција. Класичен пример за win – win ситуација.  (тука ќе набројам фирми, за кои ќе ви пишам утре дали да се објават во интервјуто). Листата на наши поддржувачи е составена на фирми кои соработувале со нас изминатите години, како „Кромберг и Шуберт“, „СН“, „Витаминка“, „Алпско“, „ЈК Травел“, „Божиновски часовници“. „Фондација Бубевски“, „Евротип“, „Стопанска Банка Битола“, „Графопром“, „Бабук“, „Еурофарм“, „Мотоцентар“, „Боди М“, „Стентон Градба“, „Пелистерка“ ,секако Општина Битола, но и многу нови како „Битоил“, „Агнеса“, „Зегин“ , „ФОД“ и други.

Идни планови и нови идеи за „Трчај бе“

-Битола да добие свој маратон. Засега сме до половина. Или да завршам со мотото на еден анимиран филм „пази што посакуваш, можеби ќе се оствари“. Ние посакуваме маратон со цела светска елита на тркачи. И веруваме дека може да се оствари. Имаме и други интересни планови за поблиска иднина, но засега нека останат тајна.

Не очекуваат уште многу други маратон  трки со инспиративни и мотивационин слогани, каде ќе се покренува на спортување и пренесува пораката за позитивен спортски дух и енергија. Како што  истакна нашиот соговорник трка во која  победници се сите  кои застануваат на стартот победувајќи се себеси и  својот личен рекорд. И за крај важно е да се учествува и пренесува порака за позитивната страна на спортот.

More from ВестиMore posts in Вести »