Press "Enter" to skip to content

Се е подготвено за 3. трка “Трчај бе“, денес се подигнуваат стартните броеви (фото)

На само еден ден до стартот на 3. по ред трка со оригинално битолско име “Трчај бе“ која ќе се трча низ улиците на Битола, во недела наутро, за која стартот е закажан во 8,30 часот, а први ќе трчаат најмасовсните, тркачите на 5 километри.Денес за сите околу 1.000 натпреварувачи е закажано, и веќе е во тек подигнувањето на стартните пакети, кои се подигнуваат пред хотел “Де Ниро“ на улицата “Кирил и Методиј“  бр. 5, а со спроведување на сите протоколи предвидени за вакви настани. Учесниците се должни да носат Сертификат – потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 или примена една доза вакцина или Сертификат/Потврда за прележан КОВИД 19 во последните 45 дена, сметајки од денот на оздравувањето или негативен ПЦР тест.Како велат организаторите се е веќе подготвени за стартот за трката, а сите кои ќе трчаат на 5, 10 или 21 километар имааат прилика да на видат својата патека на посебно видео.Битолчани и гостите кои веќе се тука во Битола утре ќе имаат прилика да бидат дел или да гледаат еден врвен спортски настан, кој од година во година станува се попрепозлатлив бредн на Битола.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »