Press "Enter" to skip to content

11. “Незаборав 2021“, документаристичко-музичко издание со 25 песни за Битола (видео)

И оваа година поради мерките за заштита од КОВИД-19, Незаборав 2021 направен е во вид на видеоматеријал.

За потестување, претходните изданија беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски-Буба Мара, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Битолски Конзули, Битолчани на Валандово и Драган Каранфиловски-Бојс.

Во видео материјалот опфатен е периодот со пејачи и  песни за  Битола, од „Битола мој роден крај“ на Ајри Демировски до „Ако одам во Битола“ на Калица. Тука се и Благој Петров-Караѓуле, Блага Видец, Виолета Томовска, Јонче Христовски, дуетот Куцулова-Андреевски, ансамбл „Боцкин“, Добри Ставревски, Пепи Бафтировски, Гоце Николовски и др.

Автор на проектот е Панде Димитровски,  сценарист и наратор Силвана Петрова-Насух, режисер Миле Грозадновски, а видо материјалот е подготевен од Креатив продукција Битола Како и сите досегашни, така и овој Неазборав, е финансиски поддржан од Општина Битола.

More from КултураMore posts in Култура »