Press "Enter" to skip to content

Мегафотогалерија: “Трчај бе“ маратон, во Битола, спортски празник со 1.000 учесници

Точно во 8,30 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор, стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе“, а потоа на временска разлика од петнаесетина минути старуваа  натпреварувачите од втората трка на 10 и 21 километри. На овој начин се испочитуваа  протоколите и мерките пропишани заради пандемијата од ковид 19.На трите трки во Битола, “Трчај бе“, зедоа учество околу 1.000 пријавени, трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа team building activities. Ќе ги споменеме  “Плодност“, Стопанска банка Битола, ЈК Травел, СН компаниите, Аптека Роса Вита, Битолањуз, Кромберг и Шуберт, РЕК Битола…Стартот со истрел од пиштол го означи претседателката на атлетсата федерација, кој за оваа трка “Трчај бе“ и ги поздрви сите учесници, организаторот и битолчани., а Никола Димитровски кој беше организатор на трката ни рече:-Имавме 1.000 учесници, но поради ковид мерките кои се испочитува ит протоколите и мерките на заштита, се намали  гужвата на стартот и претхпдно кога се доделуваа стартните броево се бараат и ковид сертификати.На трката  во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.Оваа година набтрката беа и кандидатите за градоначалници на Битола, но само Христо Кондовски, истрча, а Горан Милевски, Тони Коњановски и Зоран Лазарвски беа во публиката.

Во име на градот домаќин натпреварувачите и гостите ги поздрави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои лесно трчаат 5 или 1о километри и секојдневно тренираат.Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.

-Одлична манифестација, иако е рано утро сепак гледате колку има учесници и публика. Јас сум можеби највозрасниот натпреварувач, истрчав 10 километри, и сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, а тука до година да бидеме 2.000 битолчани, ни рече Ристо Акимовски – Ачимо од Битола, кој има 68 години.Акимовски и ветераните како него докажаа дека дека со спортски дух  и добра кондиција  годините немаат значење.-Продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продолжи да живее, по трет пат, а можам само да ги пофалам организаторите за тоа што ова го организираа и мотивираа толку луѓе. Еден од оние кои се мотивираа сум и јас, ни рече Ирина Вангеловска, од болницата “Плодност“ која заедно со тимот од вработените е на секоја трка.Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел  се погрижија тандемот водители  на трката „Трчај бе“ актерите Николче Пројчевски и Марјан Горгиевски.

Низ фотографиите пренесуваме  дел од атмосферата и како се одвиваше трката денес недела во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »