Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата, Милевски носител, следуваат двајца лекари Лозанче и Вангелов…

Денес претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и носител на советничката листа за престојните локални избори за советници во Советот на Општина Битола ја објави листата со која оваа партија ќе ги бара гласовите на битолчани.

На следните две места се наоѓаат двајца лекари, кардиологот Ненси Лозанче и гинекологот Михаил Вангелов. На 4 место е претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола – Марица Тодорова, а на 5. место е претседателот на УМС од Битола – Марко Јософовски. Од ВМРО-ДПМНЕ се и Бојан Бојковски, Анета Геогиевска, Ѓорги Ѓоргиевски, поранешниот кошаркар Зоран Петковски, Викторија Христовска, која беше и во претходниот состав на Советот на Битола.

Од коалиционите партнери на највисоко место е претседателот на ПОДЕМ од Битола – Златко Лозановски, а на 9. место е Марта Георгиевска од Социјалистичката Партија.

На листата ги нема досегашниот координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, Борче Димитровски, Николче Јанкуловски од ПОДЕМ…

More from ВестиMore posts in Вести »