Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола се 2 лица кои биле позитивни.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од кои од Битола се 12.
Пријавени се 18 починати лица, две лица од Битола на возраст од 81 и 79 години.
Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.