Press "Enter" to skip to content

Лекарот Александар Димовски е носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ вечерва ја објави листата со кандидати за советници за претстојните локални избори за Советот на Општина Битола.

Носител на листата е Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница Битола. Димовски извршувал и други функции, бил дел од раководниот тим на клиничката болница во Битола, началник на одделот радиологија во болницата, а моментно е и шеф на здравствениот тим на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Втора на листата е актуелнта советничка во Советот на Општина Битола, а по неа на третро место е Методија Илиевски координатор на советничката група во Советот на СДСМ и коалицијата. На четвртото Елизабета Тодоровска, на петтото место претсеадтелот на ЛК на младината Петар Николовски…

More from ВестиMore posts in Вести »