Press "Enter" to skip to content

На иницијатива на студенти од УКЛО формирана регионална студентска истражувачка мрежа

Иницијативата на студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, за развивање одржлива Регионална студентска мрежа вроди со плод. Имено, со потпишување договор за соработка студентите од пет земји во Регионот формираа истражувачка мрежа и на тој начин ќе соработуваат во проекти и ќе ја унапредуваат меѓусебната кооперација.

Вмрежувањето кое ги опфаќа студентите од државите од Западен Балкан Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се очекува преку различни форми на активност и поврзување  да  помогне во зајакнување на нивните академски вештини и да придонесе за развој и зајакнување на студентскиот стандард и квалитет на академски студии. 

Меѓу поекпонираните оперативци за формирање на мрежата е претсетдателката на УСС при УКЛО, Дона Петрова, проектниот координатор Димитар Врглевски и Искра Талевска, проектен асистент. Тие со колегите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија најавија издавање на регионално списание што ќе помогне за зголемуваање и афирмацијата на истражувачката работа на студентите и  соработка преку академски и други социјални активности.

Покрај разговори со партнерите на претходно дефинирани теми во врска со воспоставувањето  и содржината на РСИМ во рамки на неколкудневата посета којашто иницијаторите да реализираа со студентите од другите земји од Западен Балкан, потпишани се и писма за спремност за соработка.

Претсетдателката на УСС при УКЛО, Дона Петрова истакнува дека го чувствувале недостигот од непостоењето на ваква академска мрежа во оваа област, особено затоа што согледале дека истражувачката работа на студентите не била соодветно застапена што било повод и причина да се формира овој важен систем за поврзување. 

Кон крајот на идниот месец, во Охрид ќе се одржи првиот состанок на Советот на РСИМ и притоа ќе бидат усвоени основачките документи, потенцираат од УСС при УКЛО и со задоволство истакнуваат дека вмрежувањето на студентите од пет земји во Регионот покрај силна поддршка од колегите, наиде на  значително прифаќање од академските кадри и управите од петте универзитети.

More from ВестиMore posts in Вести »