Press "Enter" to skip to content

Обраќање на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски: со вас ЗАЕДНО ќе успееме!

По поднесувањето на кандидатурата за  градоначалник на Битола, од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски се обрати до битолчани, во кое вели:

-Почитувани мои сограѓани, мои драги битолчани!
Сакам да Ви се заблагодарам за огромната искрена поддршка која ја почуствував во изминатите неколку дена. Тоа претставува огромен и дополнителен мотив за мене, чест, но и обврска. Убеден сум, дека само со единство, сплотеност и заедништво можеме да постигнеме највисоки цели и победа за Битола, Битола да ја направиме подобро место за живеење, силен центар на економијата, културата, образованието, туризмот, место од каде ќе покажеме како се води борбата за чист град и здрава еколошка средина.
Се обврзувам како честит, искрен и човек од збор, дека сум подготвен да го направам она што го заслужува нашата Битола и вие мои битолчани! Заеднички да ставиме крај на неефективноста, безидејноста и неработењето на локалната самоуправа изминатите четири години.
Како советник во Советот на Општина Битола, имав можност да бидам соочен со вашите проблемите и потреби.
Како градоначалник ќе ги вклучам сите граѓани по принцип на неселективност, без привилегираност од една страна и обесправеност од друга, со еднаков аршин и пристап кон решавање на секој предизвик, бидејќи силно верувам дека само тој е вистинскиот и единствениот начин.
Професијата лекар ми дава можност, да ги сослушам луѓето, да ги согледам и анализирам нивните проблеми, да дадам вистински совет и да понудам решение за нивната мака.

Со вас ЗАЕДНО – ќе успееме!

More from ВестиMore posts in Вести »