Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола со конкурс “Цртаме за мир“ за Денот на мирот, посветен на Татјана Петрова

Ротари клубот Битола Широк Сокак ќе се приклучи во одбележување на Меѓународниот ден на мирот кој се одржува на 21 септември, а оваа година тоа ќе биде со изложба “Цртаме за мир“. 

Од сите пријавени ликовни трворби Ротари клубот Битола ќе додели две награди на најдобри дела во вредност од по 3.000 денари, а наградата ќе биде во сеќавање на нивниот член, прерано починатата, Татјана Петрова.

Цртежите во хартиена форма се доставуваат во просториите на МКЦ “Битола“ од  9 до 16 часот на ул. “Цар Самоил“ бр. 29 во Битола, а цртежите во електронска форма да се дпставуваа на емаил: konkurs.crtamezamir@gmail.com, до 20 септември.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »