Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад, приведување за семејно насилство, сообраќајни контроли

На 14.09.2021 во СВР Битола, В.Х. (36) од Битола пријавила дека  на улица „6-та“ во Битола нејзиниот  малолетен син  физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.09.2021, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 59 годишно лице од Битола затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговиот 35-годишен син и неговата 57-годишна сопруга. По целосно документурање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 32 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 12 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 27 останати  прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »