Едно од култните места за битолчанни, чешмата кај Офицерскиот дом, повторно е достапна за жителите на Битола и случајните минувачи. Претставници од Ротари клубот од Битола, денес свечено и го предадоа клучот од чешмата на градоначалничката Наташа Петровска, со што и официјално, по санацијата, чешмата останува да биде белег за овој дел на градот.Со претходно потпишан договор помеѓу Општина Битола и Ротари клуб Битола, започна комлетната санација на чешмата кај Офицерскиот дом, со средства донирани од Ротари клубот Битола.
На санацијата и претходеше изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.

Старата, но сега комплетно санирана, чешма кај Офицерски останува еден од белезите на Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)