Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски носител на листата на ЛДП и ДОМ, на неа спортисти, лекари, граѓански актовисти, директори на последните места

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, и кандидат за градоначалник на Битола, ја објави Кандидатската листа за советници за Советот на Опптина Битола, “Движењето Одлучно за промени“, според него листата нуди искуство, стручност, квалитет, чесно работење, односно луѓе ќе бидат ЧУВАРИ на интересите на Битола.

Носител на Советничката листа е Валентин Груевски, претседател на Советот на Оптина Битола, а покрај него се наоѓаат граѓански активисти, спортисти, доктори, архитекти, економисти, социјални и туристички работници.

На листата е архитектот Анстасија Трајковска, партиските активисти – Димитар Кузмановски и Анита Кузевска, туристичкиот водич и граѓански активист – Горан Пинза, голманот на Еурофарм Пелистер – Филип Ивановски, Ирена Митревска – туристички работник, Марјанчо Ѓорѓиевски…

На листата на ЛДП и ДОМ на последните места се наоѓаат директорите на разни претријатија и институции, што е новина кога се составуваат листите.

-Со луѓе кои се докажале во областа на образованието, детската заштита, социјалната правда. Ова се луѓе кои си го сакаат својот град! Чест ми е да бидам дел од овој тим кој ќе ја води Битола во следниот мандат, вели Горан Милевски.

More from ВестиMore posts in Вести »