Press "Enter" to skip to content

Кандидатите за градоначалници Кондовски и Коњановски на средби со спортистите

Денес кандидатите за градоначалници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаа слична агенда, а во текот на денот имаа средби со дел од битолските спортисти и членови на Управите. Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски во просториите на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, заедно со носителот на листата за советници Александар Димовски и дел од кандидатите за советници имаше средба со претставници на прволигашките клубови од Битола. Еурофарм Пелистер, КК Пелистер и ФК Пелистер, а по средбата Кондовски рече:-Спортот во Битола треба да се РАЗВИВА, а не да се спасува! Ова треба да биде нова реалност за спортска Битола! На ова се согласивме денеска на средба со претставници на дел од спортските клубови кои се бренд на Битола. Во наредните денови ќе се сретнеме и со останатите. Дискутиравме за стратешките проблеми со кои се соочуваат, но и оние технички проблеми во однос на кои веднаш може да се интервенира и да се решат. Моето мото е да се има волја да се решат проблемите во спортот! Стојам на располагање на сите спортски клубови, за секаква помош и соработка. Нема успешен град, ниту космополитиски град.Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски заедно со кандидатот за советник Зоран Петковски остварија средба со дел од спортистите и спортските работници на Битола, по која изјави:-Спортот е многу важен за здравјето и духот на секој човек. Спортот зближува, рекреира, бодри и инспирира. Во Битола, ќе создадеме услови и за екипните и за индивидуалните, но и училишните и рекреативните спортови. Ќе успееме, умно ќе ги искористиме и споиме постојните ресурси со новосоздадените и новопронајдени можности.

More from ВестиMore posts in Вести »