Press "Enter" to skip to content

Пелистер му даде девет гола на Љуботен за пласман во 1/8 финалето од Купот

Љуботен – Пелистер 0:9 (0:6)

Екипата на фудбалскиот клуб Пелистер, како “гостин“ во Битола, под Тумбекафе, без многу проблеми ја мина првата пречка во Купот на Македонија. Битолчани во првото коло од Купот, во 1/16 финалето ја победија екипата на Љуботен со висок резултат 9:0, полувреме 6:0.

Стрелеци на головите беа Здравевски (3), Маневски (2), Суљемани во првото полувреме и Јуфо,Талевски и Илиевски во второто полувреме.

Недела во Битола Пелистер ја пречекува екипата на Академија Пандев, во рамките на 7. коло со почеток од 15 часот.
More from ВестиMore posts in Вести »