Press "Enter" to skip to content

Работните листови за деца со пречки во развојот ,“Секое дете може да учи“ сега и “он-лајн“

Работните листови за деца со пречки во развојот ,,СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ” од авторката м-р Марина Крстиќ од Битола, содржат едукативни активности и вежби за стимулација за 10 области + прилози за значењето на областите за развојот на детето.

Работните листови „Секое дете може да учи“, тргнувајќи од целта да го олеснат и унапредат процесот на воспитание и образование, пред се описменување на децата и учениците со различни видови на попреченост, првенствено се наменети за специјалните едукатори и рехабилитатори, но секако огромен придонес ќе дадат и во работата на сите одделенски наставници. Шареноликоста, концизната поставеност, опфатот на голем број теми и подрачја го прави овој ракопис корисен за родителите при реализација и повторување на содржините од училиште.Работните листови за деца со пречки во развојот ,, Секое дете може да учи“ се во А4 формат, изработени се во боја , 165 страни, во истите се запазени принципите на работа со деца со пречки во развојот, според методологиите за работа и едукација кај  децата и лицата со пречки во развојот и составени се од едукативни активности и вежби за стимулација за десет области и тоа:

Броеви: во третиот дел, Броеви, колешката на интересен и оригинален начин ги претставува броевите од 1 до 10.

Букви: понатаму следува делот во кој се објаснуваат Буквите од македонската азбука.

Сетила: во следното поглавје Сетила, авторката се задржува на основните сетила.

Бои и Форми: боите и Формите се следните два дела што се мошне пластично обработени во предложениот ракопис.

Емоции: темата Емоции е следната во предложениот ракопис. Во неа се прикажани разните емоции како радост, среќа, тага, изненаденост, лутина, страв, замор, исцрпеност, вознемиреност, срам и нервоза.Фина моторика и линеација: предложениот ракопис започнува со вежби за фината моторика и линеација, каде што м-р Крстиќ прикажува најразлични цртежи со испрекинати линии.

Делови на тело, телесна шема, латерализација: деловите на телото се следниот дел на ракописот. Преку запознавањето на основните делови на телото децата учат да се себеспознаваат и да направат разлика на сопствениот дел на организмот од туѓиот.

Прибор за лична хигиена: делот Културно-хигиенските навики е битен за секојдневното одржување на хигиената и целокупното здравје на една личност.

Добра книга е онаа што се отвора со очекување, а се затвора со профит. Се што ќе научите станува ваше богатство, богатство што не може да ви биде одземено. Учењето нови работи е безвременско задоволство и бесценето богатство.

Повеќе информации за овие работни листови сега можете да добиете на Веб страната https://zasekoedete.mk/

More from ВестиMore posts in Вести »