Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два одделни напади на малолетници, 20 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 14.09.2021 во СВР Битола, В.М. (25) од Битола пријавил дека на ул. „Ванчо Јаневски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

На 14.09.2021 во 01.50 часот во СВР Битола, В.Х. (36) од Битола пријавила дека на 13.09.2021 околу 19.30 часот на ул.„6“ нејзиниот малолетен син бил нападнат од едно лице со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 20 мерки против возачи, од кои 11 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 9 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 48 останати  прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »