Press "Enter" to skip to content

80 млади лица во волонтерска акција собраа 65 вреќи ѓубре над Дихово (фотогалерија)

Околу базенот над село Дихово, кај познатите диовски капејнци денес беше успешно реализирана волонтерска акција за чистење на зеленилото од отпадоци. Оваа локација каде се чистеше е позната рекреативна и излетничка зона на битолчани, а акцијата беше повеќе од неопходна со оглед на количината на расфрлан отпад кој што посетителите и мештаните го имаа оставено зад себе.Во акцијата се вклучија околу 80 граѓани од Битола, претежно млади лица, средношколци од гимназијата “Јосип Броз Тито“ и медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“, граѓански активисти, претставници на локални компании и локалното население од село Дихово, нив ги организираа преку проектот “Зелен фото глас“ што се реализира од страна на Младинскиот културен центар  “Битола“.Резултатот е собрани 65 вреќи со ѓубре кои што во соработка со ЈП “Комуналец“ од Битола веднаш беа отстранети од локацијата и транспортирани.Зелен фото глас“ е иницијатива насочена кон креирање на одржлива локална платформа за мобилизирање на заедницата за очистување на градот од малите диви депонии, за што се потребни заеднички, синхронизирани акции од страна на граѓаните и надлежните институции.Особен акцент се става на средношколците со кои работиме на еко активизмот и вклучувањето во еколошки кампањи, но целта е и да  се поттикне волонтерскиот дух кај граѓаните со цел ваквите акции да станат многу попорисутни во нашето секојдневие.„Зелен фото глас“ се реализира со поддршка на Институтот за комуникацииски студии, преку ЕУ фондови.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »