Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со втора победа во Супер ракометната лига против Тиквеш

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 24:30 (14:15) 

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци, Гледачи: 500
Судии: Марко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)

ГРК Тиквеш: Велков, Дрогришки 2, Кондев 2, Стојановски, Гичев, Соколов 1, Трпчевски 4, Темелкоски 4, Гошевски 1, Окардов 1, Симиќ 4, Трајковски 1, Јанчев 4

Еурофарм Пелистер: Секељи, Ивановски, Мараш 4, Ојлески 1, Маркоски 2, Маџовски 2, Кукуловски. Мандалиниќ 5, Кушан 2, Периќ 4, Костески, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 1, Табоада 2.

Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола од гостувањето во Кавадарци се врача со втора победа во второто коло, откако со сигурни 24:30 го совлада тимот на Тиквеш. Избраниците на Жељко Бабиќ наидоа на расположен и квалитетен домаќин, кој му создаде големи проблеми на фаворитот.  Пелистерци на стартот на натпреварот и во првото поувреме не се одлепија повеќе од три гола позитива, а на паузата беше 14:15.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер имаше на стартот серија од 4:1, одново за првпат се искачи на плус четири 1519. Тиквеш намали на само еден гол 22:23, по што “пелистерци“ финишот го “скршија“ домаќинот, победувајќи го со 24:30.

Божиќ-Павлетиќ со шест и Стипе Мандалиниќ со пет гола беа најефикасни во Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »