Press "Enter" to skip to content

Кандидатот за градоначалник Коњановски на средба со коалиционите партнери

Во рамките на денешната агенда на кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, д-р Тони Коњановски имаше средба со локалните коалициони партнери, односно со битолските ограноци.

Коњановски по завршувањето на средбата, за поубава Битола, рече:-Денеска имавме средба заедно со носителот на победничката листа со претставниците на најголемата и најсилна – Коалицијата за обнова на Македонија. Обединети сме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме. Ние сме за посветена, чесна, работа. За поубава Битола и подобар живот на сите нејзини граѓани! Кооперативно до остварување на целите, искуството не спојува до победа – заедничка за Битола и сите кои живеат овде!

More from ВестиMore posts in Вести »