Press "Enter" to skip to content

Кондовски на средба со битолските угостители од здружението “Еснаф“

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Битола Христо Кондовски денеска оствари средба со “Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола.

-Отворената и директна КОМУНИКАЦИЈА е основа на секоја успешна соработка! На ова денеска се согласивме со битолските угостители. На средба со членови на “Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола, заеднички ја утврдивме потребата угостителите и туристичките агенции активно да бидат вклучени во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа во областа на туризмот, рече Кондовски по средбата.Тој истакна дека заедно со угостителите се согласиле и за потребата од формирање на туристички информативен центар, а преку ефикасно менаџирање да се подигне квалитетот на туристичката понуда на Битола.

-Целта е туристите да не го посетуваат градот само транзитно, туку вистински да ја восприемат неговата убавина, култура, историја… И сето тоа изменаџирано во функција на локалната економија. Битола има капацитет за тоа, рече Кондовски.

More from ВестиMore posts in Вести »