Press "Enter" to skip to content

Седум години “Нуга Бест Македонија“ (фото)

“Нуга Бест Македонија“ го прослави својот седми роденден. По тој повод првите луѓе на компанијата одговорни за Европа, ја посетија нашата земја правејќи обиколка низ сите “Нуга Бест“ салони во државата, а ја и посетија Битола и видно расположени ги пречекуваа посетителите на “Нуга Бест“ салонот во Битола.-Вакви посети планиравме да правиме на секои два месеци но за жал пандемијата која го зафати светот ни ги промени плановите. Сепак се радувам што и покрај се денес сме тука да го прославиме овој убав роденденски јубилеј заедно со нашите клиенти,  од блиску да ги слушнеме нивните искуства од користењето на Нуга Бест услугите и да го искористиме сето наше знаење за да им помогнеме, изјави господин Јанг Чунмо, одговорен за “Нуга Бест“ Европа.Денес во Битола беше и првиот човек на “Нуга Бест Македонија“ кој истакна дека е повеќе од задоволен од успехот што оваа компанија го постигна во овие седум години, откако овој светски бренд влезе во Македонија.-По повод нашиот роденден заедно со нашите пријатели од Кореја сме во посета на сите салони на “Нуга Бест Македонија“. Денес сме во Битола лично да ги запознаеме корисниците на нашите услуги, да ги слушнеме нивните проблеми, но и нивните позитивни искуства, изјави Ивица Нацев, менаџер на Нуга Бест Македонија.Првата дама на “Нуга Бест Битола“, видно возбудена, истакна дека огромна е честа, но и одговорноста да се биде дел од овој светски познат и признат бренд.-Огромно е задоволството да се биде домаќин на нашите гости од Кореја и заедно да се прослави овој седумгодишен јубилеј на постоење на “Нуга Бест“ во Македонија, исто така ова е и одлична прилика за посетителите на нашиот салон кои ќе имаат особена можност да се сретнат со врвни познавачи на проблематиката и од нив да дообијат насоки и искуства за подобрување на сопственото здравје, изјави Весна Лозановска, менаџер на Нуга Бест Битола.Во светот постојат  над 5.000 “Нуга Бест“ филијали во над 150 земји од светот. На дневно ниво се третираат над еден милион клиенти, а во домашни услови над два милиони.