Press "Enter" to skip to content

42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола отворено со доделување на “Камера 300“ и филмот “Сестри“ (фотогалерија)

-Вечерва во Битола започна 42.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

-На отворањето беа заменик премиерот Битиќи, градоначалничката Наташа Петровска, министерката за култура…

За прв пат во Битола, отворањето е во Пацио на отворено, како и лани кога се помина тивко без голем протокол за отворањето, а не во кино салата во Центарот за култура каде редовно се одржуваше изминатите 40-тина години. Промената на старата локација е поради протоколите за ковид-19, кои вечерва беа строги применети. Организаторите на Фестивалот во Битола, односно директорот Мони Дамевски на отворањето на фестивалот рече дека “И покрај се“ успеале да го подготват овогодинешното издание, за да се продолжи традицијата на одржување. Како минувало времето така и се менувало мотото на фестивалот, а последното “И покрај се“ е погодено за годинашниот фестивал. -Поминавме се од хорор до убава завршница, која на почетокот можење да биде и полошо ако завреше дожд, и додаде: сме имале многу жанрови на фестивалот, а еве вечерва имавме и малку трилер и акција, рече Дамевски, откако се искриви 15 метарското платно за проекција на филмот.Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој рече:

-Чест ми е што сум покровител на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, еден од најзначајните културни настани во нашата земја, бездруго значаен и на меѓународно ниво. Имено, посветен на кинематограферите, фестивалот може да се пофали со оригиналност, богата историја и чиста љубов кон седмата уметност – бидејќи е посветен токму на сликите, на визуелниот јазик на животот. Минатата година, ги немаше филмските проекции, полната кино сала и возбудата што ја носи фестивалот, кој е своевиден празник за градот Битола како град домаќин, но и за целата наша држава. Недостасуваше гостите да прошетаат низ Широк сокак и да ги откриваат тајните на градот на конзулите кој во своите филмови го овековечија првите сниматели на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки – рече Пендаровски.Вечерва беа доделени и две награди “Златна Камера 300“. Годинава добитник на највисокото признание на фестивалот „Златна камера 300” за животен опус е австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување, кој е негов изум и кој ке биде презентиран на фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300”.Кристијан Берген ја прими наградата од претседателот Пендаровски, а потоа имаше подолго обраќање, преку кое се заблагодари за наградата и за приемот во Битола.

Вечерва му беше врачена и Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ) на актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов.Фестивалот го отвори „Сестри“, дебитантскиот филм на режисерката Дина Дума.

More from КултураMore posts in Култура »