Press "Enter" to skip to content

Во Битола натпросечно топло, од утре намалување на температурата

Денес, петок, 17 септември, во Битола времето ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, сабота, 18 септември, во Битола времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Преку денот ќе биде нестабилно со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Температурата во Битола до 29 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »