Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се пофали со својата академија во Битола, младите работат под будно око на познати ракометни имиња (фото+видео)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола го претстави проектот на својата ракометна академија. Никогаш поорганизирани и талентирани, од менаџментот на клубот најавуваат план за развој и продукција на млади категории, под стручното око на врвни стручњаци и луѓе со потребна едукација за работа со млади категории, не само од Битола.РК Еурофарм Пелистер ќе пријави по две екипи во пионерска, кадетска и младинска конкуренција во шампионатите за сезоната 2021/22.-Еурофарм Пелистер 2 од Битола за мене е без конкуренција најталентираната екипа во Македонија. Покрај сите епитети за бројот на сениорски, младински и кадетски репрезентативци, кои ги дава нашиот клуб, јас почнувам од Еурофарм Пелистер 2. Јас сум задолжен за сите млади селекции, од 7-8 години до вратите на Еурофарм Пелистер 2.Во овој клуб сум од 1973 година и без нималку кутроазија кон нашиот спонзор и кон Зоран Стерјев, никогаш немало вакви услови. Како за сениорските екипи, така и за младинските категории. Работиме со преку 200 деца, сместено во шест групи. За сите нив треба да се обезбедат маички, топки, реквизити, сали, термини… Тренираме во шест сали, во професионални услови и со јасен проект.Масовен е проектот, но сакам да бидеме уште помасовни, но сè ќе заборавиме од сите овие деца да излезат 4-5 ракометари за сениорските тимови. Но, за тоа е потребна макотрпна работа, најмалку 3-4 години. Минатата година не ја рачунам, тоа е пропадната  година за сите, заради ковид-19 пандемијата. Стручно сме екипирани, се работи со проект во кој во секоја група има по еден поранешен ракометар и по еден човек со Факултет за физичка култура. Ако ви ги кажам имињата Александар Зарков, Кире Поповски, Игор Николовски, Михајло Петровски и Фарух Мемиќ, мислам дека доволно кажав. Сето тоа планирам да го вклопам во систем кој сум го видел и применувал. Засега мислам дека одиме по прав пат. Верувам дека за многу побрзо ќе се видат резултатите од работата на нашите тренери. Очекувам дека оваа година ќе се играат шампионатите, а ние пријавивме по две наши екипи во младинска, кадетска и пионерска конкуренција. Вратите на нашиот клуб се отворени за сите деца. Би ги повикал сите заинтересирани да ги посетат нашите сали и клупските простории на сениорската екипа или на младинските екипи да се информираат за деталите, вели кооординаторот на школата, Стевче Стефановски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »