Press "Enter" to skip to content

Заменик премиерот Битиќи во посета на Офицерскиот дом во Битола (фото)

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, извршија увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“.Проектот за локална и регионална конкурентност, е ко-финансиран од Владата и Делегацијата на Европската Унија, а со техничка поддршка од канцеларијата на Светска банка.Овој потпроект вклучува реставрација и адаптација на Офицерскиот фом во Битола, негово партерно и хортикултурно уредување, промотивни активности, како и градење на капацитетите на чинителите со кои се подобрува развојот на туризмот во пелагонискиот регион.-Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до Европската Унија и Проектот за Локална и Регионална Конкурентност, администриран од Светска банка за финансиската поддршка, како и до сите останати чинители, кои дадоа свој придонес во реализацијата на овој проект. Сакам да посочам дека покрај самите зафати во објектот, општината инвестираше и во обезбедувањето на инфраструктура околу Офицерскиот дом, како и партерно и хорикултурно уредување, за што вложени се над 572 илјади евра. Дополнително за инфраструктурата на улицата Македонска фаланга за која дел од договорите се склучени, а дел се во постапка на склучување по целосната обезбедена документација, општината стави на располагање уште над 287 илјади евра.  Се на се станува збор за инвестиција над 859 илјади евра од буџетот на Општина Битола, во овој многу значаен дел за нашата општина. Покрај финансиското вложување на локалната самоуправа, како општина, обезбедивме услови за комплетна функционалност на Офицерскиот дом во рамките на новата јавна установа културен и информативен центар, кој управува и со Кино Манаки, како и со новиот туристички информативен центар, објекти кои од пред еден месец се ставени во функција, рече градоначалничката Наташа Петровска.Директорката на Проектот за локалена и регионална конкурентност, Шишак, се запазени се сите процедури за зачувување на автентичноста и додаде:-Се надевам дека овој објект ќе биде место во кое ќе уживаат не само битолчани, туку и туристите кои доаѓаат во овој град и ќе овозможи збогатена туристичка понуда и ќе се користи како мултифункционален културен центар и ќе понуди нови содржини во Битола.Вицепремиерот Битиќи, во изјава за присутните медиуми, по завршениот увид на градежните активности нагласи дека Офицерскиот дом е најзначаен културно-историски објект во Битола, кој се наоѓа во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен и оддаваше лоша слика за целата околина. Токму затоа преку Проектот за локална и регионална конкурентност Владата и општината се заложија за негова реставрација, со цел да се врати неговиот стар сјај и уникатност.-Денес правиме увид во завршните работи, и сите заедно можеме да се увериме во неговата архитектонска убавина и импозантност, како и да бидеме горди дека овде во нашата Битола, има ваков репрезентативен објект на кој многу можат да ни завидуваат. Оваа инвестиција е само дел од реализираните активности во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој има за цел да ги подобри туристичките потенцијали во 10 различни дестинации во земјава. Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини вкупно 58.792.610,00 денари, од кои 52.913.349,00 денари беа обезбедени од Проектот за локална и регионална конкурентност додека Општина Битола учествуваше со 5.879.261,00 денари.

Објектот е реставриран по сите стандарди, почитувани се неговите историски специфики, а слободно можеме да го сместиме меѓу културно-историските богатства на нашата земја. Објектот го одразува духот на овој град, град богат со историја и култура, на битолчани кои се надалеку познати по својот космополитизам и богата градска традиција. Наша заложба како Влада е рамномерен регионален развој, бидејќи секој град, секој дел од нашата земја е подеднакво важен, и треба да се развива. Битола е важна за сите нас, и се надевам дека повторно ќе се видиме на заедничка радост, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

More from ВестиMore posts in Вести »