Press "Enter" to skip to content

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на средба со дел од почесните конзули

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на денешната агенда имаше средба со почесните конзули од Битола, по што изјави:-Битола, градот центар, крстопат каде се спојувале ориентот и западот, се создавала уникатната мода преку симбиозата на ала турка и ала франга традициите, град каде погледите зајдуваат, град со илјадници приказни – мора да воскресне!  На средбата со дел од почесните битолски конзули бевме едногласни: нашата Битола европското присуство и перспектива ќе го обезбеди преку соработка, лобирање, размена на добри практики и искуства. Економијата, културата и образованието се подрачја кои треба да го постават темелот на новата европска и развиена Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »