Press "Enter" to skip to content

Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на средба со вицепремиерот Битиќи

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, оствари средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, по што изјави:

-Добив уверување од Вицепремиерот Фатмир Битиќи дека Владата и понатаму силно ќе ја поддружува новата локална адмистрација на Битола. Создавање на поволна клима за домашните, пред се, локалните инвеститори и привлекување на нови странски инвестиции во градот значително ќе го зголеми економскиот развој на Битола. Тоа е приоритет кој се наоѓа високо на мојата и на агендата на македонската Влада.Со Вицепремиерот поразговаравме и за досегашните вложувања на Владата во Општина Битола, како и за проектите кои чекаат за реализација и можностите новата локална самоуправа да ги достигне проекциите за раст и развој. На крај, со Вицепремиерот го споделивме задоволството од имозантната слика на реставрираниот Офицерски дом. Неговиот кабинет беше директно вклучен во целиот процес за што Битола и битолчани му се особено благодарни ! Успеавме овој монументален објект да го зачуваме за граѓаните на Битола. Сега е време сите битолчани да уживаат во примената на овој архитектонски градски бисер !

More from ВестиMore posts in Вести »