Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на денешната агенда имаше средба со почесните конзули од Битола, по што изјави:-Битола, градот центар, крстопат каде се спојувале ориентот и западот, се создавала уникатната мода преку симбиозата на ала турка и ала франга традициите, град каде погледите зајдуваат, град со илјадници приказни – мора да воскресне! На средбата со дел од почесните битолски конзули бевме едногласни: нашата Битола европското присуство и перспектива ќе го обезбеди преку соработка, лобирање, размена на добри практики и искуства. Економијата, културата и образованието се подрачја кои треба да го постават темелот на новата европска и развиена Битола.
Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на средба со дел од почесните конзули
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)