Press "Enter" to skip to content

“LKA Ангромаркет“ 18. дисконт-маркет на “Ангромаркетинг“ кај “Зелено пазарче“ на “Охридска“ (фото)

Компанијата “Ангромаркетинг“ во Битола продолжува со својот разјов, а утре свечено го отвора новиот дисконт – маркет “LKA Ангромаркет“ кој се наоѓа кај поранешното “Зелено пазарче“ на улицата “Охридска“ во населбата “Маџармале“.Во дисконт – маркетот “LKA Ангромаркет“ ќе се продаваат производи зад кои стои “LKA“ групацијата, чија членка и основач е и компанијата “Ангромаркетинг“.Новиот дисконт маркет има површина од 1.000 м2, а битолчани од овој дел на Битола, како и сите намерници ќе можат тука да најдат и да купат повеќе од 5.000 производи, по акциски цени.Палетата на производие голема, тука има се што и треба на секое семејство, почнувајќи од храна, пијалоци, хемиски производи, производи кои се потребни за одржување на домот.Супермаркетот на “Ангромаркетинг“ на купувачите им нуди и сопствен паркинг простор, кој ќе се користи бесплатно.