Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведени двајца кубанци фатени кај село Егри, протерани за илегално поминување на границата

На 18.09.2021 во 02.45 часот кај село Егри, битолско, полициски службеници од полициската станица за граничен премин “Меџитлија“ ги лишиле од слобода Р.М.Л.А. (26) и Л.С.Б.Л. (26), двајцата од Куба.

Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.

На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години.

Тие ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »