Press "Enter" to skip to content

Горан Велевски, носител на листата за советници на Левица во Битола

Партијата Левица на овие локални избори ќе натсапи со своја советничка листа, која ќе ја предводи Горан Велевски.

-Храбрите и неподмитливите граѓански претставници доаѓаат во совет да им пречат и да ги спречат оние кои корумпирано го окупираат советот за нивни личен интерес. Секогаш борбени, сплотени и единствени ќе чекориме кон правдата која им ја ветуваме на граѓаните. Да се бориме за поубав град, онаков каков што од секогаш му доликувало на Битола, велат од Левица. Носителот на листата Горан Велевски, роден 1990 година во Битола, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со преку 12 години искуство во повеќе дејности меѓу кои и како регистриран млад земјоделец и менаџирање во угостителскиот сектор. Сопруг и татко на две прекрасни ќеркички.

More from ВестиMore posts in Вести »