Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: ателектази на бели дробови

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на ателектази на бели дробови за што вели:-Ателектаза претставува  колабирање на белодробниот паренхим – алвеолите како последица на различни заболувања поврзани со нарушување на дишењето. Етиолошки постојат две големи групи. Опструктивни насобирање на секрет во дишните патишта најчесто после операции, навлегување на туѓо тело во бронхите почесто кај деца, тумори во дишните патишта, туберкулоза. Втората голема група на предизвикувачи на ателектази се компресивните причини како зголемени лимфни јазли и тумори кои вршат притисок однадвор врз дишните патишта, потоа воспалителни процеси, плеврални изливи итн.Клиничката презентација е со отежнато дишење и забрзано површно дишење, кашлица.

Лекувањето е во зависност од причината на настанување антибиотици, бронходилататори, кортико терапија во случај на тумор оперативна, зрачна и хемотерапија.

More from СоветиMore posts in Совети »