Press "Enter" to skip to content

Ракометарките на Феникс АМС со пораз стартуваа во најквалитетното ракометно друштво (фото)

Феникс АМС – Чаир 36:47 (14:26)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Судии: Викторија Прентоска и Наташа Глигороска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

Феникс АМС: Рујановска 4, Пашиќ 1, Јанкуловска, Лазаревска 2, Богоеска, Шиниковска 2, Талева, Корлевска 7, Илиевска 5, Ризоска 15, Кокиноска, Анчевска, Стојановска.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 6 мин.

Чаир: Којовиќ, Сали, Буразер, Бакиќ 1, Божиновска 4, Рахмани 6, Рамуко, Гулицоска 7, Реџеп 3, Ѓеоргиевска 6, Алексоска 8, Дамчевска 4, Петковска 1, Филипоска 2, Дукоска 5.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 8 мин.Новиот член на женската супер ракометна лига, Феникс АМС од Битола, на отворањето на новата ракометна сезона, на свој терен, девојките на Николче Костовски постигнаа 36 гола, но во финишот загубија со 36:47, во натпревар во кој “паднаа“ 83 гола, против фаворитките од Чаир.Натпреварот беше со многу голови и голем број на технички грешки, а гостинскиот тим од Чаир уште од самиот почеток беше резултатска предност. Чаир имаше предност од 6:3, а по 15. минути игра резултатот беше 11:6 во корист за екипата на Чаир. Разликата постепено се зголемуваше,  а на одмор се замина со резултат 26:14.Второто полувреме беше само формалност и шанса за докажување на другите ракометарки од клупата на двете екипи. Водството од првиот дел, ракометарките на Чаир рутински го одржуваа до последната секунда и заслужено се радуваа на освоените бодови.Емилијана Ризоска од екипата на Феникс АМС со петнаесет гола беше убедливо најдобра поединка на натпреварот.

Екипата на Феникс АМС игра во групата “А“ каде и е екипата на Пелистер, а покрај нив се и Куманово,Чаир, Деспина, Гевгелија, Шампион, Кузман Илинден.