Press "Enter" to skip to content

Со концерт на “The Balguns“ МКЦ Битола го заврши Меѓународниот музички дијалог (фото)

Синоќа во винаријата “Чифлик“ во Битола, со концертот на The Balguns, музички состав од Солун, Грција, заврши проектот на Младинскиот културен центар од Битола,  Меѓународниот музички дијалог.За проектот и за концертот на гостите од Солун, Сашо Додовски од МКЦ Битола рече:-Меѓународниот музички дијалог е инспириран од потребата за јакнење на чувството за општествените вредности кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и Европските вредности. Го завршуваме дијалогот со концертот на “The Balguns“, oдличен музички состав од Солун, Грција кој го расплети својот модерен стил и звук користејќи уникатни парчиња од џез, реге, фанк, ска и рокенрол. Интересна комбинација на “музика од светот“ која оди по Балканските патеки.Преку овој нов пристап МКЦ Битола ги презентира културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика. Оваа програма ги обединува уметниците од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »