На 18.09.2021 во 02.45 часот кај село Егри, битолско, полициски службеници од полициската станица за граничен премин “Меџитлија“ ги лишиле од слобода Р.М.Л.А. (26) и Л.С.Б.Л. (26), двајцата од Куба.
Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.
На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години.
Тие ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.