Press "Enter" to skip to content

Во Битола 11 нови позитивни, 13 оздравени и едно починато лице од ковод-19

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи
на КОВИД-19, од нив од Битола се 11.

Регистрирани сe 551 оздравен пациент од нив од Битола се 13.

Пријавени се 23 починати лица, едно лице е од Битола на возраст од 95 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052

 
More from ВестиMore posts in Вести »