Press "Enter" to skip to content

“Реми“ на “пелистерци“ против лидерот Академија Пандев во Битола (фотогалерија)

Екипата на Пелистер освои бод против екипата на лидерот Академија Пандев, играјќи без голови, во Битола, под Тумбекафе, пред околу 1.000 љубители на фудбалот. Капинковски го внесе од стартот Шпанецот Домингез, крај Драгарски во одбраната, а го немаше Антонио.На стартот на натпреварот Принц Ампонсах се обиде двапати во глава, а на спротивната страна Мирчевски се одлучи на удар од дистанца во 14. минута, но Трајчевски беше сигурен. Во 31. минута, но Бразилецот биеше за малку преку пречката.Уште на стартот на второто полувреме “пелистерци“ беа поопасни на стартот од вториот дел. Прво имаше шансаПринц Ампонсах, а потоа и Дарко Размоски, но гостинскиот голман беше сигурен. Пелистер шанса за гол бараше контри и прекини, а специјалистот за слободни удар, Виктор Јуфо од голема далечина биеше во самиот агол, но повторно одлична реакција на голманот.Во судиското надополнување Академија Пандев ја имаше најзрелата можност, а по ударот на Маронг а потоа и на Мартинага, Трајчевски двапати одлично одбрани.

More from ВестиMore posts in Вести »