Press "Enter" to skip to content

Ангела Бошевска најдобар говорник, тимот на Правен второпласиран на симулации пре Европски суд во Ниш

Ораторите од Битола, од Правниот факултет кои се во клубот “Титус Флавиус Орестес“ на Pre “Moot Court“ натпреварот за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права продолжуваат со учествата на натпревари и добивање на награди.

На последниот натпревар кој викендов се одржа во Ниш во организација на Правниот факултет во Ниш, за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права го освоија второто место.Во финалето, по двата натпревари клубот “Титус Флавиус Орестес“ е поразен од клубот “Горгија апликант“ од Зеница со резултат 72:78. По натпреаври резултатот беше  Горгија апликант – Титус респондент 45:30 и Титус апликант – Горгија респондент 42:33.

На “Pre Moot Court“ натпреварот за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права, во прелиминарната фаза, во групата “Б“, клубот Титус беше подобар од  Онора респондент и Онора апликант.
Во поединечна конкуренција, на натпреварот во Ниш за најдобар говорник на турнирот беше прогласена студентка од Битола, Ангела Бошевска.
More from ВестиMore posts in Вести »