Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице за напад на сопруга, сообраќајни контроли на возила и моторцикли

На 19.09.2021, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Т. (39) од битолско село затоа што физички ја нападнал неговата 33 – годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки против возачи, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 8 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 7 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 19.09.2021 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле констатирани 25 прекршоци и против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »