Press "Enter" to skip to content

Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ на средба со професори од Техничкиот факултет Битола

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, заедно со  пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска и носителот на советничката листа на СДСМ, Д-р Александар Димовски, оствари средба со деканот проф. д-р Стојанче Нусев и со професори од Техничкиот факултет Битола, а по завршување на посетата и разговорите изјави:-Само силна соработка помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот, битолскиот универзитет и централната власт може да го обнови брендот на Битола како универзитетски град! За ова прашање, не само што ќе бидам отворен за соработка, туку и силно ќе лобирам во правец на ставање на овој линк во функција на развој на градот. Разговаравме и за потребата од унапредување на образовните програми во функција на продукција на кадри соодветни на побарувачката на пазарот на трудот, развивање на програми за практиканство за студентите во локалната самоуправа, но и насочување на практиканти кон оние сектори во стопанството каде тие кадри се најпотребни.

More from ВестиMore posts in Вести »