Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата и доделени наградите на конкурсот “Цртаме за мир“ на ротари клубот “Битола Широк Сокак“ (фотогалерија)

Ротари клубот “Битола Широк Сокак” денес, во Магазата ја отвори ликовната изложба насловена на тема: “Цртаме за мир”.Изложбата е отворена по повод Меѓународниот ден на мирот 21-ри Септември,  a во чест на Татјана Петрова, член на клубот којa оваа година го изгуби својот живот како последица на Ковид вирусот.Ротари клубот “Битола Широк Сокак“е дел од меѓународната светска организација Rotary International, во која членуваат ротари клубовите од целиот свет. Една од мисиите на Ротаријанците е и  “Превенција / разрешување на мирот и конфликти”.Меѓународниот ден на мирот е воведен во 1981 година од Генералното собрание на Обединетите нации. Обединетите нации ги покануваат сите нации и луѓе да го почитуваат прекинот на непријателствата во текот на овој Ден, и да го одбележат Денот преку едукација и јавна свест за прашања поврзани со мирот.-Темата на Меѓународниот ден на мировниците на ОН за 2021 година е „Патот до траен мир: искористување на моќта на младите за мир и безбедност“. Поведени од ова мото, членовите на ротари клубот “Битола Широк Сокак“ и оваа година, традиционално организараше настан под наслов “Цртаме за мир”, во кој главни учесници беа младите луѓе и децата. На конкурсот се пријавија вкупно 285 цртежи во електронска форма, но и цртежи нацртани во техника по желба на секој учесник, рече Владе Христовски.На изложбата беа доделени 3 награди со износ од по 3000 денари на учесниците:

-Михаела Стефановска, цртеж во форма- графички дизајн;

-Мила Стојчевска, цртеж во хартиена форма;

-Ангела Шапарданова, цртеж во хартиена форма;Наградите го носат името на Татјана Петрова. Татјана беше графички дизајнер и активно беше вклучена во активностите на клубот, вклучително и во активностите поврзани по повод Денот на мирот. Ваквите конкурси и награди со името на Татјана Петрова ќе станат традиционални за клубот. Паричните средства за наградите за трите најдобри дела ги обезбеди компанијата “Киро Дандаро” АД Битола. Станува збор за компанија каде Татјана Петрова беше вработена како графички дизајнер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »